Вечерва Струмица ќе игра против Работнички

Вечерва со почеток во 18 часот  во Скопје со натпреварот Работнички – Струмица ќе се комплетира деветтата рунда од Првата македонска кошаркарска лига. kk111

Фени Индустри беше убедлив на гостувањет кај АВ Охрид и славеше со 83:62. На дербито во Гевгелија, домашниот Кожув славеше победа над Куманово со 80:69, додека на дуелот меѓу екипите од долниот дел на табелата, Пелистер го совлада Вардар со 69:57.

Табела: Фени Индустри 17 бода, Работнички 15, Куманово 15, Кожув 14, Пелистер 13, Струмица 11, Охрид 11, Вардар 9.

Comments are closed.

Capture