Општина Струмица ќе објавува повик за финансиска поддршка на Здруженија кои работат во областа на семејното насилство

Се известуваат сите заинтересирани Здруженија на граѓани кои работат на проблематикaта со „Семејно насилство“ дека во Програмата за активностите на општина Струмица во областа на социјалната заштита и заштита на децата во 2017, V2-Програма за Социјална заштита, во ставката Прифатилиште за жртви на семејно насилство, во буџетот на општина Струмица за 2017 година се планирани финансиски средства за реализација на активност за справување со проблемот на семејно насилство во општина Струмица.opština-strumica

За започнување и следењето на реализацијата на оваа активност одговорно е Одделението за Локален економски развој, кое во текот на февруари 2017 година ќе спроведе процедура за доделување на планираните финансиски средства од буџетот на општината за 2017 година.
Процедурата се состои во :
- Објавување на јавен повик за прибирање на апликации од Здруженија на граѓани;
- Разгледување и оценување на пристигнати апликации;
- Избор на најсоодветно Здружение на граѓани;
- Следење (мониторинг) на текот на реализацијата на активноста;

Со избраното Здружение на граѓани, општина Струмица ќе потпише договор за реализација на активноста.

За детални информации може да се обратите на одговорното лице,Тони Милушев, раководител на Одделението за ЛЕР при општина Струмица на:
Телефон: 076 483 158
Маил:toni.milusev@strumica.gov.mk

Comments are closed.

Capture