Главната интернационална карневалска вечер годинава ќе се одржи на 25 февруари

Традиционалниот струмички карневал ќе се одржи од 22 февруари до 1 март 2017 година. И оваа како и минатите години, планирана е богата и разновидна програмска содржина.16177500_1183306821722746_7996369225071626024_o

22.02. (среда) 2017 година

-Детски маскенбал

23.02. (четврток) 2017 година:

-Објавување на резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал – Матична библиотека ,,Благој Мучето“ – Струмица
- Изложба на фотографии од карневалот 2016 година
- Концерт под маски на музичкото училиште ,,Боро Џони“

- 24.02. (петок) 2017 година:

-Carnival party – Карневалско дружење на гостите од странство сo претставниците на карневалските групи од Струмица

- Свечено отварање на Струмичкиот карневал – 2017, со маскенбал и со избор на принц и принцеза на карневалот

25.02.(сабота) 2017 година:

- Прием за претставниците на карневалските групи и ВИП гостите

- Интернационална карневалска поворка – булевар „Маршал Тито“

- Целовечерна карневалска забава по кафулињата и ноќните клубови во градот

26.02.(недела) 2017 година:

- Традиционален Детски карневал по повод ,,Прочка“ на улицата „Благој Мучето“ и плоштадот „Гоце Делчев“

27.02.(понеделник) 2017 година

-Прес конференција. Објавување на резултатите за најуспешните маски од Интернационалната карневалска вечер

-Традиционална програма по повод чист понеделник, варење на бел грав.

-Отварање изложба на карикатури од наградниот конкурс за карикатура на тема Карневал.

-Доделување награди на наградниот конкурс за афоризми на тема Карневал

28.02.(вторник) 2017 година

-Струмички карневал – традиционално карневалско корзо со доделување на наградите од Интернационалната Карневалска вечер – Центар за култура

-Тримерска карневалска забава

01.03.(Среда) 2017 година

-Одбележување на Тримерските обичаи

 476_351735191609732_1341004184_n

Comments are closed.