Утре во 12 часот Светиот Крст ќе биде спуштен во осветените води на градскиот базен ” Аквариус”

Точно напладне, десетина струмичани ќе се обидат да го пронајдат Светиот крст во осветената вода на градскиот базен „Аквариус’’ по повод големиот христијански празник Богојавелние – Водици.

47590_499598960156687_830096482_n
Пронаоѓањето на Светиот Крст означува благослов и среќа во текот на целата година бидејќи човекот се сооединува со Христос.

Од струмичката епархија известуваат дека сите заинтересирани крстени православни и полнолетни граѓани на возраст од 18 до 33 години од Струмица кои сакаат да земат учество во чинот на полагањето на крстот во водите на градски базент ” Аквариус” во Струмица, најдоцна до 18 – ти Јануари да се пријават во просториите на Храм” Свети Кирил и Методиј” во Струмица.

Comments are closed.

Capture