Општина Струмица учествуваше на промовирањето на Извештајот за граѓанското образование во основните училишта

Како учесник во проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Бирото за развој на образованието, а подржан од Детската фондација Песталоци, Швајцарија, општина Струмица учествуваше во реализацијата на испитувањето за утврдување на актуелната состојба во поглед на планирањето и реализирањето на наставата по предметот Граѓанско образование во основните училишта. 16002835_1181678921885536_8245138337410960987_n
За таа цел во Скопје, во организација на МЦГО-Скопје, во присуство на претставници од Бирото за развој на образованието, МОН, УСАИД, Детската фондација Песталоци и други заинтересирани страни, се промовираше извештајот од испитувањето кое беше спроведено во месеците мај и јуни 2016 година во 178 основни училишта во Република Македонија. На промоцијата присуствуваше овластениот просветен инспектор од општина Струмица. 15977625_1181678915218870_7386972656870750107_n
Основните наоди од истражувањето се однесуваат на наставната програма по граѓанско образование, методите за реализација на наставата, мислење за учебниците, мислења за постигнувањето на целите од граѓанското образование и потребата од обуки и стручна поддршка на наставниците по граѓанско образование. 16115031_1181678918552203_7062664187262357545_n
Општина Струмица активно е вклучена во проектите од образованието, кои допринесуваат за унапредување на постигањата на учениците и наставниците во редовната настава, слободните ученички активности, меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација.

Comments are closed.

Capture