Зимската служба на „Комуналец“ фрла сол на улиците во градот

По денешните нови снежни врнежи, зимската служба на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ уште од раните утрински часови е на терен.15965343_1181671491886279_6116977227604088867_n Според Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“, на улиците се фрла индустриска сол и ризла, а доколку се интензивираат врнежите од снег ќе се активира и механизацијата за чистење на снегот. „Комуналец“ работеше и за време на викендот. Механизацијата беше активирана во централното градско подрачје од каде ги собираше остатоците од снегот за да се спречи водата од неговото топење.16105813_1181671498552945_7291688548216830033_n 16003315_1181671521886276_1341150328327036162_n 16002931_1181671538552941_5574816803689867575_n 15977687_1181671495219612_2113287810829053310_n

Comments are closed.

Capture