Афоризми на Ацо Ѓоргиев, дел 21

*Конечно сфатив дека соништата можат да ми се остварат – само на сон.

10468063_10203973989009767_730702352310194500_n

* Секогаш кога во Македонија треба да се роди Мир,
доаѓа некој од Европа да не’ оплодува.

 

*Христијански е да се погледа низ прсти, дури и да се стиснати во тупаница

 

* Divide et impera : Раздели ги чувствата од разумот ако сакаш да владееш со себе си.

 

*Најмалку се лојални на државата оние коишто во неа живеат како бубрег во лој.

 

* Луѓето по ситници се познаваат.
Ситниците се крупна работа.

 

* Оние коишто се летнати во облаци, сигурно се од подземјето.

 

* На туѓите грешки се учиме.

Од сопствените си патиме.

 

* Ризично е да се дружиш со жени полиглотки.
Сигурно ќе бидеш изгубен во преводот.

 

* Идните генерации нема да можат да уживаат во плодовите од нашиот труд.
Зелен го обравме бостанот.

 

* Откако човек еднаш ќе си го покаже вистинското лице,
илјада маски повеќе не ќе можат да му го сокријат.

Comments are closed.

Capture