Византискиот император или кмет се винoвни за името на Василево

Една легенда од подалечното минато кажува дека селото (денес општината) своето име го добило според името на византискиот император Василиј II. Се претпоставува дека во близината на денешно Василево, тој ги поставил војничките шатори пред да тргне да го изврши свирепето касапење и накажување на Самуиловите војници кај селото Милно (Водоча), во 1014 година. Со топонимот Василица селото е споменато во повелбите на цар Душан од 1332 и од 1334 година.

park

Втората приказна како селото го добило името е следна…

За време на турското владеење, на местото на денешно Василево имало шест чифликсајбии, а од сите бегови најлош и најзлонамерен бил бегот Таасим. Полош од него не паметеле селаните бидејќи тој извршил многу злосторства. Но, колку бегот бил лош и суров, толко бил и неграмотен… Преданието кажува дека тогашниот кмет во селото, по име Васил, го подмамил неписмениот бег, подметувајќи му да потпише еден документ, според кој имотот требало да му припадне нему. Така итриот кмет му го одземал чифликот на насилникот. Сиот имот околу населбата припаднал на кметот Васил.

По името на новиот господар на чифликот, и населбата била наречена – Василево.

Comments are closed.

Capture