Зимската служба на „Комуналец“ и денеска интервенира во градот и населените места

Зимската служба на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денеска, како и во изминатите денови, ги чисти остатоците од снегот и мразот на улиците и тротоарите во градот. Мразот од тротоарите се чисти рачно, а на улиците работи механизација и се фрла индустриска сол. Освен во градот се работи и на патниот правец Робово – Муртино – Банско.

3 (3)Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните и правните лица и тие да се вклучат во расчистувањето и да си ги исчистат барем приодите пред домовите и деловните објекти.

Comments are closed.

POP