Општина Струмица помогна на старица во Банско која остана без затоплување и храна

Општина Струмица и денеска потврди дека се грижи за своите граѓани кога им е најтешко и им е потребна помош. По повикот од Џефа Алиева, жител на населеното место Банско за помош, откако, деновиве останала без затоплување и храна, заменик градоначалникот Костадин Костадинов ја посети во нејзиниот дом и даде пакети со прехранбени производи и електричен панел за затоплување. Алиева беше пресреќна на овој хуман гест од општина Струмица, а заменик градоначалникот Костадинов, рече дека општина Струмица и понатаму ќе им помага на своите граѓани, а упати и апел сите заедно да си помагаме во вакви ситуации.2

-Општина Струмица од секогаш се грижела за своите граѓани и помагала на сите кои имале потреба од помош и ја побарале, се разбира, секогаш во рамките на своите можности. Еве, таквата грижа ја потврдуваме и денеска, овде во населеното место Банско. Се наоѓаме кај Џефа Алиева, која во овие денови на снежни врнежи и ниски температури остана без греење и на која и е потребна помош во прехранбени производи. По нејзиното обраќање до нас за да и помогнеме, ние се организиравме и еве донесовме пакети со храна и електрична греалка. Ова е скромна помош, но се надеваме дека ќе и помогне во овие студени денови да си го затопли домот и да има доволно храна.  Општина Струмица и понатаму ќе им помага на своите граѓани, особено од социјално ранливите категории. Ја користам оваа прилика, сакам да апелирам до сите граѓани, во вакви и слични ситуации, сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност и да им помогнеме на нашите сограѓани на кои им е неопходна помош, рече Костадин Костадинов.8 (1) 5 (6) 4 (1)

Comments are closed.

1