Зимската служба на „Комуналец“ и ноќеска работеше на терен

Зимската служба на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и ноќеска работеше на терен. Два камиона со нож и 15 вработени работеа на чистење на снегот од улиците во градот. Беа поминати сите улици во градот по неколку пати се додека не беа оспособени за сообраќај. Освен во градот, се чистеа и патиштата кон Вељуса, Просениково, Градско Балдовци, Добрејци, Сачево, Свидовица, Попчево, Рич, за што дополнително беа ангажирани неколку фирми. Ноќеска и во текот на вчерашниот ден на улиците беа фрлени вкупно 15 тони индустриска сол и ризла.1 (23) 4 (6) 5 (5)

Comments are closed.