Денеска се празнува Рожденството Христово

Христос се роди!“ – „Навистина се роди!“
Со овие зборови православните верници денес си го честитаат празникот Божиќ, раѓањето на синот божји, Исус Христос.bozik

Христово рождество е исполнување на сите човечки копнежи, пророштва и очекувања, реализирање на севкупната и неуништлива жед на човекот кон доброто.

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово­Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуват божикни литургии.

Божиќ или Божик е денот на христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари. Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.

Божик е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот – синот Божји Исус Христос. Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16 век сите христијани Божик го славеа истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавија разлики.
Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.

Comments are closed.

POP