Се одржа традиционалниот хуманитарен новогодишно-божиќен концерт

Во организација на Младинскиот совет на општина Струмица, а во соработка со средното општинско училиште „Јане Сандански“, синоќа, во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“ по седми пат се одржа традиционалниот хуманитарен новогодишно-божиќен концерт.15894683_1172892416097520_1789042101315041893_n
На овој празничен концерт насловен KING OF POP учествуваа шеесетина талентирани средношколци кои пееја, свиреа и танцуваа во чест на кралот на светската поп музика Мајкл Џексон.
Својата солидарност и хуманост и на овој концерт ја потврди поранешниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, кој заедно со сопругата беше меѓу хуманите струмичани кои уживаа во прекрасниот настап на учениците од СОУ „Јане Сандански“. На концертот присуствуваа и заменик градоначалникот, Костадин Костадинов, претседателот на Советот, Јосиф Христов, членови на истиот и пратеници.15781365_1172892756097486_2563991223208709687_n
Сите собрани средства преку влезници и дополнителни донации се наменети за лекување на нашиот сограѓанин Никола Новоселски кој има потреба од пресадување на матични клетки во Русија и кој со неговото семејство четири години по несреќата, не може да се израдува на најубавиот период од годината.15781684_1172892506097511_8974961963917250537_n 15826031_1172892656097496_3286828817679864263_n 15826247_1172892419430853_1951836896274737492_n 15826683_1172892502764178_2987297856109961349_n 15873244_1172892499430845_3938218175909771957_n 15894473_1172892412764187_3425838371882978918_n

Comments are closed.

POP