Општина Струмица подари новогодишни пакетчиња на детското одделение во медицинскиот центар

Општина Струмица и пред овие новогодишно – божиќни празници не ги заборави дечињата на детското одделение во медицинскиот центар во Струмица. Заменик градоначалникот Костадин Костадинов и членот на Советот на општина Струмица, Петар Божинов, денеска им подарија новогодишни пакетчиња на дечињата хоспитализирани на детското одделение посакувајќи им побрзо да оздрават и весело и безгрижно детство во Новата 2017 година. Новогодишно – божиќните празници им ги честитаа и на вработените на ова одделение.1 (5) 3 (2)

Comments are closed.

Capture