Општина Струмица им подари новогодишни пакетчиња на децата на загинатите армиски бранители во Прилеп

Општина Струмица и годинава ја потврди својата континуирана грижа за децата не само во Општината, туку и надвор од неа, особено за Нова година, на која децата посебно и се радуваат. Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица подарија новогодишни пакетчиња на 80 деца од кои 15 се на загинатите армиски бранители на месноста Карпалак и 65 деца на членови резервисти на Здружението на резервни воени обврзници учесници во настаните 2001 – 2002 година од Прилеп. Претставници на Општината им ги подарија пакетчињата и со тоа придонесоа и овие деца да им се радуваат на новогодишно – божиќните празници.1 (4) 2 (2) 3 (1) 4 (4)

Comments are closed.

Capture