Учениците од СОУ „Никола Карев“ одржаа симулација на седница на Совет на општина Струмица

Во организација на Центарот на заедницата на општина Струмица, а во соработка со Советот на општина Струмица, вчера се реализираше симулација на седница на Советот со учениците од четврта година од средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица, под менторство на Марјан Ефтимов, професор по граѓанско образование. 15697336_1166089406777821_1168215347508794100_n
Целта на симулацијата беше да се запознаат младите со функциите, улогата и работата на Градоначалникот, Советот на општината и процесот на донесување на одлуки на локално ниво, како и облиците со кои граѓаните непосредно учествуваат во одлучување за прашања од локално значење. На симулацијата и претходеа повеќе консултативни средби со претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, директорот на СОУ „Никола Карев“ Драган Јанков и професорот Марјан Ефтимов како ментор на активноста, како и со учениците-учесници во симулацијата. На часовите по граѓанско образование им беше објаснета целта на оваа активност, како дел од практичната настава по предметот, а од Советот на општина Струмица беа собрани корисни материјали од седници кои ќе им послужат на младите во учењето на демократски процеси. Учениците беа поделени по улоги и тоа: градоначалник, претседател на Совет, членови на Совет од „жолта“ и „бела“ партија, секретар, директор на училиште, претседатели на комисии и слично. 15698175_1166089426777819_8788217284724249542_n
Реализацијата на симулацијата е поврзана со Стратегијата за млади на општина Струмица чии приоритети се зголемување на улогата на организациите на младите како партнер на Општината и зголемување на вклученоста на младите во процесите на одлучување.15726439_1166089403444488_3888408017435990749_n 15781160_1166089910111104_9174089221546504552_n

Comments are closed.

Capture