Македонија – наша судбина, наш белег – Марија Петрова

oratorska 052_1280x853

Текст на Марија Петрова од Ораторска вечер која се одржа  по повод деветогодишнината од смртта на претседателот на Македонија, Борис Трајковски.

„Судбино македонска, во која ли Пандорина кутија се скри! Зад кои ридови, планински врворви одлучи да танцуваш со надежта!  Како галеб прелета преку орлови полиња, преку притаени сенки , во страшна огнена бура се втурна и во некое рајско небо се вгнезди. Каква храброст, каква белина ја облева твојата душа – онаму каде крикот твој повеќе се слуша. Таму некаде далеку во небесната шир ја носиш круната на мирот и невиноста.

Мирот на денешно време е ендемска абстрактна именка, и уште не се нашол таков што ќе ја заштити.  И мир нема твоето македонско јато – веќе се изгубило во хоризонтот на материјалното, на минливото, на она чија круна не е онаму каде си ти – туку овде на земјата каде пороците се чести гости. Фалат уште неколку трошки да се фрлат и да потонеме длабоко во некои води од кои излез нема. Малку се тие кои некако тешко успеваат да  го  почувствуваат  присуството на слободните ангели до нив и онаа енергија која им дава сила да истраат пред  високите порти на неправдата. Од друга страна , пак, многу се тие кои сеуште мислат дека 524 е знакот на кој пишуваше “Погрешно свртување”, и моментот кога се тргна наопаку. Ете , остана наш белег , наша судбина!

oratorska 052_1280x853

Те здогледав онаму во далечната шир кога пролета и застана на венецот од споменикот “Македонија”. А каде впрочем би бил ?! Како во народната македонска песна “Слушам кај шумат шумите”, ти оддамна се беше оженил за Македонија. Црцорот твој  ги рецитираше зборовите кои требаше многумина одамна да ги сватат – “ Сите ние споделуваме една зедничка судбина – Македонија!“. Застанав да слушам и останав вчудоневидена. Црцорот беше исполент со емоции и промена во интонацијата. Како во таа реченица да се претопуваа минатото, сегашноста и иднината.

Наеднаш до мене се најде човек во униформа.Како да се транспортираше со некоја временска машина, се појави со толку голема брзина. Промрмори: –  “Доста беа жртви , доста беа манипулации!”. Во очите имаше неизмерна болка , како да се давеше во некое минато кое оддамна си ги собрало куферите. Тоа ме врати во далечната 2001, во тие кобни денови кога товарот беше на плеќите на овој човек , пред чијшто споменик стоев денес.

И кога се свртев веќе пред мене имаше друга личност , младо, убаво момче, држеше диплома во рацете . И тој промрмори:  – “Вечна ти слава хероју македонски ама изгледа Македонија нема да биде моја судбина”. Се стаписав . Го прашав : -Зошто да не? Од каде толку негативност во твоите мисли ? Неговиот одговор беше едноствен : – Од секојдневните искуства, девојче. Сакав да му подадам рака и да му објаснам дека сепак постои нешто убаво во местото каде си се родил , но повеќе го немаше , тој оддамна беше заминал во далечни земји.

Се подврнав назад во мислите и видов хаотичност. Како да бев на изложба на уметничките дела од Пикасо. Сватив сегашноста и не се разликува многу од минатото. Изгледа самите сме ја потцртнале судбината за да еден ден се казниме со помислата дека од двата пата го избравме оној погрешниот , оној полесниот кој на почетокот зрачи со светлина , но стигнувајки до крајот ни носи многу каење и безумие.Аманетот од човекот по име Борис Трајковски сосема го изоставивме, го заборавивме таму некаде во далечната 2004…Во своите умови,чекориме побрзо и од брзината на светлината , ама како уште да стоиме во место.Како да трчаме на справите од фитнес салите , а на повидок ништо реално. Се сеќавате на големата  Мајка Тереза …Таа еднаш кажа вака: – “Љубовта започнува дома , но не е доказ она колку правиме, туку колку љубов вложуваме во таа акција”. Па, драги политичари размислете колку љубов вие сте вложиле во вашата професија?

Знаете Почитувани, пред некој ден гледав едно прекрасно македонско шоу “Златна Бубамара” , каде еден од подобрите актери во Република Македонија , Сашо Коцев не почести со една епизода за ендемскиот вид  - политичар.Сепак, морам да го поправам:-  Политичарот не е ендемски вид , туку човекот.  Човечноста е луксуз за повеќето луѓе, без разлика на нивната професија, зошто каде и да се најдеме во иднина нашата прва и основна одговорност е да бидеме тоа што сме-човечки суштества.Повторно ќе се надоврзам на зборовите на Мајка Тереза: – Ако немаме мир, тоа е затоа што сме заборавиле дека си припаѓаме еден на друг, тоа значи дека зависиме еден од друг.

Не бидете вечни робови на социјалниот дарвинизам , намалете ја неговата моќ. Колку и да сте моќен , богат, поткован со знаење, надарен со убавина и талент , секогаш искористете го не за да потчинете, не за да понижите, не да потценете, туку за да возвишете, за да пофалите, за да дадете поголема морална и материјална помош на оној на кој му е вистински потребно.Зошто некому тоа му е единствената светлина во денот.Направете го тоа за другиот и ќе добиете вечен благослов од нечие срце.Направете го тоа за себе и ќе добиете многу повеќе – Благослов од Бога . Чувство кое со пари не се купува.Избришете го кракот на пирамидата и ќе се оградите од било каква дискриминација и ќе ги видете светлите води на демократијата , а не изопачената маска зад која се крие нешто друго . Бидете промената која што сакате да ја видите во својата земја, зошто Макдеонија е наш белег и наша судбина’’.

Comments are closed.

Capture