Афоризми на Костадин Устапетров, дел 6

kostadin

Костадин Устапетров е роден 1950 г. во Струмица

 

Кога се финансираат пензионерите како најперспективните луѓе, не е важно кој се бања.

 

Тие што сакаат народот да го стават во ред, си одат преку ред .

 

Можеби јас сум постанал од мајмун, ама на толку многу кокодакање, соседката не верувам.

 

Била детска работа, нормално кога сите кадри ни се калат во детските градинки.

 

Во природата за да опстанат, животните се јадат меѓу себе. Исто во опшеството се јадат- партиски.

 

Најефикасен лек за здравјето на луѓето е да немаш потреба од лекови.

 

Се додека има многу дракулаџии, крвната слика на народот нема да се подобри.

 

Во преговорите: ако ги прифатиме сите нивни услови може и ќе се договориме.

Comments are closed.

Capture