Во Кичево се одржа бизнис саем за прекугранична соработка „Кичево-ЕКСПО“

Во хотелот „Арабела“ во Кичево на 16 и 17 декември се одржа Бизнис саем за прекугранична соработка Струмица – Кичево – Кукуш – Поликастро „Кичево-ЕКСПО“ на тема „Органско производство и здрава храна“. 15492499_1160218357364926_2040687828181406140_n
Целта на Бизнис саемот беше да придонесе за побрз економски развој на прекуграничниот регион преку обезбедување можности за вмрежување и соработка помеѓу малите и средните претпријатија.
На отворањето на саемот се обратија градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, раководителот на Одделението за меѓународна соработка и европски фондови при општина Струмица, Џоко Ристовски и регионалниот советник на Подрачната единица Кукуш, Павлос Томаидис.15542005_1160218360698259_464509676395949183_n
На саемот своја изложбена презентација имаа 25 претпријатија од Кукуш и Поликастро, Грција и 15 претпријатија од општина Струмица од различни индустриски гранки. Освен изложбата на производите, во рамките на програмата имаше и дегустација на прехранбени производи типични за прекуграничниот регион Струмица – Кичево – Кукуш – Поликастро. Покрај ова, по една компанија од Кичево, Струмица и Кукуш имаа презентации на добри практики на тема „Органско производство и здрава храна”.
Претставник на општина Струмица ги презентираше перспективите и погодностите за инвестициии и економски развој што ги нуди оваа општина, додека од страна на Подрачната единица Кукуш беше извршена проекција на краткометражен филм, со можностите што ги нуди оваа општина од областа на туризмот, земјоделството, индустријата и друго.
Проектот ,,Бизнис Мрежа С-К-К” се спроведува од страна на три проектни партнери и тоа: општина Струмица и општина Кичево од Република Македонија и подрачната единица Кукуш од Република Грција. Овој проект е финансиран од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007 – 2013.

Comments are closed.

Capture