Вечерва ќе се одржи втората сесија на Граѓанскиот буџетски форум во општина Струмица

Вечерва со почеток во 18.00 часот во хотелот „Тивериопол“ во Струмица ќе се одржи втората сесија на Граѓанскиот буџетски форум во организација на општина Струмица и Центарот на заедницата на општина Струмица.15590369_1160237807362981_8068358714658175957_n

Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на Општината и зголемување на транспарентноста на Општината.

Општина Струмица ги повикува сите заинтересирани граѓани и граѓански здруженија, да земат учество на оваа втора форумска сесија, како што тоа го сторија и на првата, и да ја искористат укажаната можност да ги проследат развојните програми на Општината, да дискутираат по нив и истите соодветно да ги рангираат.

Граѓанските форуми во општина Струмицa ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), а во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“, кој ФООМ го спроведува во партнерство со општина Струмица.

Comments are closed.

Capture