Утре ќе се одржи втората сесија од Граѓанскиот буџетски форум

Општина Струмица, во соработка со Центарот на заедницата на општина Струмицa ќе ја одржи втората сесија од Граѓанскиот буџетски форум. Втората сесија ќе се одржи на 20.12.2016 г. (вторник) со почеток во 18.00 часот во хотел „Тивериопол“, Струмица.Capture

Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат и да дискутираат за развојните програми на Општината и истите да ги рангираат. Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на Буџетот на Општината и зголемување на транспарентноста на Општината.

Граѓанските форуми во општина Струмица ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во рамки на Концептот „Општина по мерка на граѓаните“, кој ФООМ го спроведува во партнерство со Општина Струмица.

Comments are closed.

Capture