Како одигра Академија Пандев во есенскиот дел од Втората лига

Екипата на Академија Пандев е есенскиот шампион во Втората лига со 11 бода предност пред второпласираниот Скопје и е со една нога во Првата македонска фудбалска лига.

Akademija Pandev - Ljubanci Kavadarci

Академијата во досегашниот тек од лигата забележа 12 победи, еден пораз и едно реми, при што фудбалерите на струмичкиот клуб постигнале 37 погодоци а примиле само 9. Со оваа Академијата е со најмногу постигнати погодоци во Втората лига, а исто така ја имаат и најдобрата одбра бидејќи примиле само 9 погодоци.

Фудбалскиот клуб Скопје со 26 бода е на второто место, третопласиран е Новаци со 25 бода исто колку што има и Еуромилк.

На долниот дел од табелата е Љубанци 1974 Кавадарци со 7 бода, деветтопласиран е Вардар Неготино со 10 бода додека Тетекс е на осмото место со 11 бода.

 

Comments are closed.

Capture