Беласица на првото место во Третата лига

Екипата на Беласица есенскиот дел од сезоната во Третата лига – Исток го заврши на првото место со вкупно 36 освоени бодови.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Струмичкиот клуб има 6 бода предност пред радовишани кој се пласирани на второто место и имаат 30 бода.

Во досегашниот тек од лигата Беласица забележа 12 победи и еден пораз, при што постигнале 64 погодоци, што ги прави најефективни, додека примиле само 6, со што заедно со Плачковица се најдобри во одбраната.

Беласица сигурно чекори кон влез во Втората македонска фудбалска лига.

 

Comments are closed.

Capture