Во вторник ќе се одржи втората сесија на Граѓанскиот буџетски форум во општина Струмица

Општина Струмица, во соработка со Центарот на заедницата на општина Струмица, ја организираат втората сесија на Граѓанскиот буџетски форум. Сесијата ќе се одржи на 20.12.2016 (вторник) со почеток во 18.00 часот во хотел „Тивериопол“ во Струмица.15590459_1156869477699814_3248509795462512793_n

Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на Општината и зголемување на транспарентноста на Општината.

Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат и да дискутираат за развојните програми на општина Струмица и истите да ги рангираат.

Граѓанските форуми во општина Струмицa ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), а во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“, кој ФООМ го спроведува во партнерство со општина Струмица.

Comments are closed.

Capture