Влезот во населеното место Банско во ново руво

Влезот во населеното место Банско доби нов изглед. Таму комплетно завршија градежните работи во рамките на проектот „Уредување на патна инфраструктура до и околу природни знаменитости на локалитетот „Бања Банско“, на Одделението за локален економски развој на општина Струмица. Со изведените градежни активности извршено е проширување и асфалтирање на улицата со поплочени тротоари од двете страни, проширување на паркинг просторот, а со бекатон плочки се поплочени и пешачките патеки до трговските објекти. Целокупниот проект со ДДВ, чини 3.961.576 денари. 15400587_1155756207811141_9005780362836341746_n
Со овој проект општина Струмица уште еднаш потврди дека подеднакво се грижи за условите за живот на граѓаните во градот и населените места. Освен за месното население, уредувањето има големо значење и од туристички аспект, бидејќи со своите специфични карактеристики ова место привлекува домашни и странски туристи.15590538_1155756197811142_3828737101494343969_n 15590266_1155756194477809_2945685769492048717_n

Comments are closed.

Capture