Се поставува втор слој асфалт на улиците во градот и населените места

Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година, општина Струмица продолжува со планираните активности.15585282_1154521241267971_745290177830256453_o По поставувањето втор слој асфалт во населеното место Баница на површина од 1.600 метри квадратни, вчера овој градежен зафат се реализираше на улицата „Браќа Миладинови“ на површина од 960 метри квадратни, денеска се работеше на улицата „Коста Бозов“, од улицата „Браќа Миладинови“ до улицата „Иљо Шопов“ на површина од 700 метри квадратни. Сите овие зафати се реализираат со средства од буџетот на општина Струмица.15403870_1154521227934639_2045535058973364647_o

Comments are closed.

Capture