Митко Гогов стана почесен конзул на „Песничка Република“ за Македонија

Македонскиот концептуален уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов стана почесен конзул на „Песничка Република“ – Србија, проект кој има за цел да биде мост помеѓу поетите од Европа и светот. мите1
Новоформираната „Песничка Република“ ги доби своите први граѓани – 120 поети, кои на 26 и 27 ноември 2016 година учествуваа на истиот настан во Банатскиот културен центар во Ново Милошево. Основач на „Песничка Република“ е поетот Радован Влаховиќ, а за претседател е назначен поетот Симон Грабовац. Исто така беа назначени и амбасадори и почесни конзули – поети од неколку странски земји.
Меѓу почесните конзули и амбасадори се најдоа поети од Германија, Америка, Шведска, Словенија, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Аустрија, Русија, БиХ, Канада, Словачка, Холандија, Италија, Франција, Австралија итн.
„Песничка Република“ издаде и пасоши и посебно државјанство. Сите поети се запишани во книгата на државјани на оваа поетска република.
„Песничка Република“, како и целокупното работење на Центарот за култура во Банатскиот културен центар, во својата цел и мисија го има зајакнувањето на контактите меѓу авторите и ја поддржува и промовира идејата за децентрализација и деметрополизација на културните настани.
„Песничка Република“ која е организирана од Банатскиот културен центар е дел од активностите на проектот на општина Нови Бечеј – “Град во Фокус” – врз основа на одлука на Министерството за култура и информации на Владата на Република Србија.

Comments are closed.

Capture