Промена во локациите за гласање на неколку избирачки места во Струмица

Општинската Изборна Комисија – Струмица, со цел навремено информирање на граѓаните за одредени промени во локациите за гласање на неколку избирачки места на територијата на Општина Струмица, го издава следното:гласање

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните на Општина Струмица дека заради обезбедување на услови за спроведување на изборниот процес на претстојните Парламентарни Избори, извршени се промени на локациите за гласање на неколку избирачки места, и тоа:

 

  1. 1.       На избирачко место бр. 1731/1, гласачите кои гласале во Старата маларична болница сега ќе гласаат во Средното Општинско Училиште “Никола Карев“.
  2. 2.       На избирачко место бр. 1735, гласачите кои гласале во канцеларијата на Четврта месна заедница, сега ќе гласаат во Основното Општинско Училиште “Сандо Масев“.
  3. 3.       На избирачко место бр. 1738, гласачите кои гласале во Амбулантата на Четврта урбана месна заедница, сега ќе гласаат во канцеларијата на Четврта урбана месна заедница.
  4. 4.       На избирачко место бр. 1742, гласачите кои гласале во ЈЗО“Завод за здравствена заштита“ – Струмица, сега ќе гласаат во Основното Општинско Училиште “Видое Подгорец“.
  5. 5.       На избирачко место бр. 1743, гласачите кои гласале во Медицински Центар – Струмица, сега ќе гласаат во Средното Општинско Училиште “Димитар Влахов“.
  6. 6.       На избирачко место бр. 1745, гласачите кои гласале во Канцеларијата на Шеста урбана месна заедница, сега ќе гласаат во Средното Општинско Училиште “Димитар Влахов“.
  7. 7.       На избирачко место бр. 1832, гласачите од село Орманли сега ќе гласаат во Подрачното Основното Училиште во село Дорломбос“.

Comments are closed.

Capture