Заштитниците на животните бараат формирање на полиција за заштита на животните

На последната средба на кандидатите за пратеници од СДСМ со граѓанскиот сектор, Доне Скака, познат како д-р Дулитл и еден од најгoлемите заштитници на животните во државата, предложи формирање на Полиција за заштита на животните . Тој на кандидатите за пратеници им предаде и програма.15328177_10154899310756004_637960778_n

Оваа инциијатива Скака ја покренал во јуни годинава во општина Струмица и истата ја презентирал и пред градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ , Зоран Заев.

-Ова што го држам во рацете е мојата најболна тема, но и најболна тема за најмалку 50.000 граѓани воРепублика Македонија, а тоа е мојата изготвена програма за формирање на Полиција за заштита на животните. Тие немаат право на глас, но нека биде благословен секој оној кој ке даде подршка за реализирање на оваа програма за заштита на животните во нашата држава, истакна Доне Скака.15328302_10154899312151004_776037057_n

Доне Скака верува во реализирање на неговата програма, бидејки Зоран Заев и Општина Струмица со години му помагаат во спасување на многу бездомни и диви животни и птици.15415955_10154899316291004_797463032_n

извор: Југоинфо.мк

 

Comments are closed.

Capture