Средба на лидерот на СДСМ Зоран Заев со струмичките стопанственици

Денеска претседателот на СДСМ и носител на листа во Изборната единица број 4, Зоран Заев се сретна со стопанственици од Струмица. Тој ја презентираше изборната програма на СДСМ, Планот за живот, во делот на економијата и стопанството. Претседателот Заев пред присутните ги образложи најважните мерки од изборната програма, како што се создавање на амбиент за поволно деловно опкружување,поддршка за домашните компании, намалување на казните и постојана поддршка за бизнис секторот.ZAEV SREDBA-2

-Јас сум убеден дека во оваа наша Македонија може убаво да се живее,рече Заев, потенцирајќи дека новата влада на СДСМ ќе има партнерски однос со бизнисот.

-Испланиравме 140 милиони евра за поддршка на домашните фирми. Обезбедуваме голема државна поддршка за сите микро, мали и средни претпријатија за да го постигнеме тоа што на што се обврзуваме, повисоки плати и нови работни места. Домашните микро, мали и средни претпријатија ќе бидат носители на економскиот развој во Македонија. Во првата година од мандатот ќе ги стимулираме со годишна поддршка од 20 милиони евра, 100 пати поголема отколку сегашната, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев.ZAEV SREDBA-1

Претседателот Заев пред стопанствениците детално зборуваше за мерките од Планот за живот во Македонија, а одговараше и на поставените прашања од страна на присутните.ZAEV SREDBA-5 ZAEV SREDBA-3 ZAEV SREDBA-2

Comments are closed.

Capture