Асфалтиран и уреден влезот во Банско

Деновиве завршија градежните работи за уредување на влезот во населеното место Банско. Според информацијата од Одделението за локален економски развој при Општина Струмица, станува збор за асфалтирање на споменатата локација и нејзино проширување, со обезбеден простор за автобуска постројка, а околните тротоари се поплочени со бекатон плочки. Оваа активност е дел од проектот „Уредување на патна инфраструктура до и околу природни знаменитости на локалитетот „Бања Банско““, на Одделението за локален економски развој при општина Струмица. Целокупниот проект со ДДВ, чини 3.961.576 денари. 15356484_1144387215614707_3755165123360631516_n 15380656_1144387218948040_7500773726823505925_n
Овој проект е од големо значење, како за месното население од Банско, така и за потенцијалните домашни и странски туристи.15380656_1144387218948040_7500773726823505925_n

Comments are closed.

POP