Реакција од Општина Струмица на прес конференцијата на Васил Пишев од Коалицијата за подобра Македонија, одржана на 04.12.2016 год.

opština-strumicaОпштина Струмица секогаш води грижа за потребите на граѓаните и има излезено во пресрет на нивните барања, со тоа што веќе има изработено нацрт-детален урбанистички проект. Знаат граѓаните дека се додека не заврши целокупниот процес на легализација на изградените објекти, евентуалната реализација на предлог урбанистичкиот план би бил на нивна штета. Онака како што јавно бара некогашниот пратеник, голема е веројатноста дека или манипулира со граѓаните или не ги познава доволно законските прописи, правејќи им директна штета на сите тие граѓани заради тоа што, ако не бидат регистрирани во новиот детален урбанистички план сите, со законска постапка утврдени и легализирани објекти, граѓаните, а и општината би се изложиле на уште поголеми трошоци.

Општина Струмица постапува согласно законската регулатива и е должна да постапи и воедно да одговори кон секое  упатено барање за легализација.  Вклопувајќи ги сите легализирани објекти во новиот детален урбанистички план и добивајќи ја согласноста од надлежното министерство  за негова реализација, повеќе од разбирливо е дека Општина Струмица веднаш ќе пристапи кон изградба на сите потребни инфраструктурни градби.  – стои во писмената рекација од Општина Струмица

Comments are closed.

1