Костадин Костадинов: Субвенционирање на горивото за такси превозниците

Средба на кандидатите за пратеници од СДСМ, Костадин Костадинов и Коста Јаневски со такси превозници од Струмица, 05.12.2016

 

Обраќање на кандидатот за пратеник, Костадин Костадинов:

-Морам да споменам во делот на казнената политика-ќе ги намалиме казните во Република Македонија, односно прво ќе има предупредување, па после казна. Казните се во ред како мерка за непочитување на одреден закон, но пред се мора да има предупредување, бидејќи сите сме луѓе на крајот на денот.

Во делот на горивата треба да  претендираме за субвенционирање од државата за секој потрошен литар гориво или остварен приход во тековната година. Не може да важат исти правила за патничко возило и вие кои вршите дејност со патнички моторни возила. Апсолутно ќе субвенционираме во делот на горивото за такси превозниците, рече кандидатот за пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов.

 

Обраќање на кандидатот за пратеник од СДСМ, Коста Јаневски:

-Некои апсурдни решенија кои мислиме дека се нереални, непрактични и преземени од некои други средини и се неприменливи кај нас како што е одлуката такси превозниците да полагаат странски јазици и тоа некоја висока категорија. Сметаме дека и личности кои се на високи позиции  немаат или не се обврзани да имаат познавање на странски јазик и затоа не гледаме зошто тоа треба да биде ваша обврска. Ние се залагаме за укинување на таа апсурдна одлука, рече Јаневски.

 

Comments are closed.

Capture