Костадин Костадинов: Синоќа во Струмица се случи прошталниот митинг на Никола Груевски

Прес конференција на Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ-Струмица и кандидат за пратеникKOSTADIN KOSTADINOV-1(1)

(интегрален текст)

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите

Синоќа во Струмица се случи прошталниот митинг на Никола Груевски и неговата криминална банда. Дојде во придружба на 170 автобуси и 350 комби возила. Дојде и рече дека дошол во неговата изборна единица, како да му е наследство и дека дошол во слободна Струмица.

Да, Струмица е еден од ретките слободни градови во Македонија, откако токму Груевски  ја зароби и окупира државата. Тоа беше единственото точно што го кажа синоќа.

Сето останато го излажа. Две третини од неговиот говор зборуваше за Заев и кој бил планот на СДСМ.

Замислете, Груевски кој 14 години е извршна власт во Македонија и кој ја упропасти државата на секој план,  ги плаши граѓаните со Заев, кој ниту еден ден не бил на таква позиција.

Во останатиот, помал дел од говорот ги најави божемните проекти што ќе ги направел за Струмица.

По кој знае кој пат ги вети истите проекти што веќе се најавувани, како на пример читалната, болницата или патот  Свидовица-Сачево, ама вети и такви проекти за кои цела јавност знае дека Општина Струмица веќе работи на нивна реализација. Такви се фекалната канализација во Добрејци, прeчистителната станица во Струмица и слични.

Што да се каже за другите говорници? Лагите и навредите што тие ги пласираа за Зоран Заев, едноставно не заслужуваат коментар. Не заслужуваат ни трошка внимание.

Тоа го знаат и оние кои синоќа под уцени беа донесени во Струмица, од разни краишта на Македонија. Ги имаше од секаде, само струмичани беа малцинство во својот град.

Но ако, добро е и тоа, барем ги видоа убавините на Струмица, барем ја видоа најуспешната општина воМакедонија.

Половината од нив, во недела ќе гласаат за СДСМ,  оти им е доста да бидат дел од некакви „сендвич претстави“, оти им е доста од криминалите на оние што до вчера ги поддржуваа.

Епилогот од митингот е дека Груевски си замина синоќа од Струмица, нерасположен и лут, ем затоа што не беше задоволен од она што се случи на струмичкиот плоштад, ем од веста дека во Скопје, Зоран Заев ја крена Македонија на нозе.

Тоа е уште еден доказ дека на 11-ти победуваме.

Comments are closed.

Capture