Kaтерина Кузмановска: СДСМ води континуирана грижа за лицата со посебни потреби

Изјава на Катерина Кузмaновска, кандидат за пратеник од СДСМ на листа во ИЕ4 по средбата со граѓански организации во кои членуваат лица со посебни потреби, 03.12.2016DSC_9684
(интегрален текст)
Почитувани претставници на медиумите

Денес е 3. Декември-светски ден на хендикепот или светски ден на лицата со посебни потреби. По тој повод, ние кандидатите за пратеници од СДСМ од Струмица, во изборната единица број 4, остваривме средба со граѓански здруженија во кои членуваат лица со посебни потреби. Целта на оваа средба беше да ги слушнеме нивните барања и потреби, а во исто време и да им ги презентираме нашите заложби кои се предмет на нивен интерес, а се дел од нашата изборна програма „План за живот во Македонија“. За разлика од луѓето од ВМРО ДПМНЕ  на кои им текнува за овие лица само од 3. декември на 3. декември, при што само декларативно водат грижа за оваа категорија граѓани, а всушност во секој однос ги маргинализираат, ние од СДСМ и нашиот лидер Зоран Заев водиме континуирана грижа за нив и нивните потреби. Во тој однос Општина Струмица е водечка во Република Македонија, а нашиот лидер Зоран Заев за таквата грижа е повеќе пати наградуван. Дека е тоа така, сведочат ЗЛАТНАТА ПЛАКЕТА што тој ја доби од Сојузот на лица со телесен инвалидитет, како единствен градоначалник во земјава што добил таква награда, Златната плакета на Заводот за заштита и рехабилитација во Бања Банско и уште многу други признанија од разни сојузи и здруженија на лица со посебни потреби. Задоволството што владее кај овие лица од редовната поддршка на проекти и  манифестации, кои повеќе од една деценија ја имаат од нашиот лидер Заев, е навистина големо.DSC_9648(1)
Посебен дел од нашата програма се однесува на целосната интеграција на лицата со посебни потреби. Оваа мерка подразбира: креирање систем за проценка на специфичните потреби, односно категоризација на деца со попреченост врз Меѓународната категоризација, унапредување на инклузивната пракса во предучилишните установи во Македонија, реорганизација на дневните центри за лица со попреченост, отворање центри за ран детски развој, зголемување за 50 % на износот за заштита на правата на лицата со посебни потреби, укинување на квотата за
поврат на ДДВ за увоз на специјални возила за овие лица, почитувње на квотитеза вработување на лица со посебни потреби, скратено работно време за родители на деца со посебни потреби, обезбедување право на посебен додаток до 26-та година, да премине во право на помош и нега од друго лице, и уште многу други мерки. Според уставот сите сме исти и затоа лицата со посебни потребни заслужуваат права како и сите други лица во нашето општество. СДСМ ќе им ги обезбеди во целост.

Comments are closed.

Capture