Ќе се одржи свечена седница на Советот на општина Струмица

По повод празникот “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ – заштитници на градот,  Советот на Општина Струмица свика свечена седница на Советот на општина Струмица на ден 10.12.2016 година (сабота).

Свечената седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во НУЦК „Антон Панов“ (голема сала) во Струмица и ќе започне со работа во 19,00  часот.

IMG_5950_1024x768 На седницата ќе се работи по следниот:

Д н е в е н   р е д

 

  1. Поздравен говор по повод празникот “Св. Петнаесет Тивери-ополски Свештеномаченици“;
  2. Доделување на Годишни општински награди и признанија за 2016 годинa “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“;  и
  3. Доделување на Општинска награда за животно дело во 2016 година “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.

Comments are closed.

Capture