Општина Струмица успешно ја спроведе својата посебната акција на садење дрвја

Општина Струмица денес ја спроведе својата традиционална посебна акција на садење дрвја, која овој пат се реализираше на нова локација, покрај реката Тркања, која на јавноста и е позната како место на одржување на традиционалниот „Џип рели крос„ . Во акцијата, покрај општинската администрација, учество зедоа и вработени во општинските јавни претпријатија, претставници од ТППЕ – Струмица, како и вработени во „Струмица табак“ и „Лукоил“ кои на дело ја покажаа својата општествено одговорност. Во акцијата беа засадени преку сто сопствени разновидни зимзелени дрвја со висина од преку 1 метар и 20 сантиметри, кои гарантираат брзо вегетирање. Покрај наведената локација, дрвја се садеа и во градскиот парк, како и во неколку урбани заедници, во уредените дворови на станбени згради, покрај летниковци и сл. И со денешната успешно спроведена акција, Општина Струмица повторно докожа дека со конкретни мерки и активности, се грижи за збогатување на животната средина и за здравјето на граѓаните.dr dr1 dr2 dr3

Comments are closed.

Capture