Костадин Костадинов: На 11 декември ќе победат граѓаните и Планот за живот во Македонија на СДСМ

KOSTADIN KOSTADINOV-1(1)

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Груевски и неговата криминална влада среде изборна кампања продолжуваат со реализација на така наречени проекти, а кои во изминатите години не дадоа никакви резултати.
Еден од нив е денешната акција „Ден на дрвото“. На минусни температури, оваа влада прогласува неработен ден, се растрча да сади дрвца, демек, се грижи за животната средина, а всушност само парадира пред камерите за политички цели.
Оваа акција во изминатите 15 години не ги даде очекуваните резултати. Наместо пошумена и зелена Македонија, денеска, имаме голи ридови и планини.
Иако акцијата се реализира со народни пари и граѓаните имаат право да знаат каде и како се трошат нивните пари, корумпираната влада на Груевски досега не даде отчет колку пари се потрошени и колку од засадените садници се фатија и ги раззеленија планираните локации.
По ова останува дилемата, дали „Денот на дрвото“ е уште една пералница на пари на Груевски и фамилијата?
Со два дена пошумување во годината, а во останатите денови безмилосно сечење на дрвјата, нема зелена Македонија.
Масовно се сечеше за барокни згради, за партиската зграда на ВМРО ДПМНЕ, се уништуваа паркови и шумски појаси за лични потреби на партиските моќници.
Огревното дрво во последните години стана еден од главните изборни адути на ВМРО ДПМНЕ. Јавното претпријатие „Македонски шуми“ е во лов на гласови меѓу гласачкото тело.
Пред два дена, јавно го прашавме директорот на подружницата „Беласица“ од Струмица, дали ја злоупотребува својата службена должност  и директно учествува во распределбата на огревно дрво и со тоа врши поткуп на гласачкото тело? Одговор се уште не добивме.
Денеска, му го упатуваме следното прашање:
Дали Македонски шуми, освен што дозволува продажба на дрва на црно, е вмешано и во скандалозна сеча на црно?
Почитувани граѓани,
Им дојде крајот на  овие злоупотреби. Сите ќе одговараат за своите злодела.
На 11 декември ќе победат граѓаните и Планот за живот во Македонија на СДСМ.
Почитувани,
На крајот сакам да ве информирам за еден немил настан што се случи синоќа во населеното место Банско.
Имено, штабот на СДСМ во ова село е оштетен ноќеска од непознати сторители.
Исто така, оштетени се и домот на културата, и училишната зграда како јавна институција, во која се спроведува гласањето на денот на изборите. Апелираме да престанат ваквите вандалски чинови и кампањата да продолжи како што доликува во фер и демократска атмосфера.
Доказите кои што ги поседуваме ,ќе ги доставиме до надлежните институции.Очекуваме истите да реагираат и во најкус можен рок  да ги откријат сторителите на таквиот вандалски чин. – изјави Костадин Костадинов, кандидат за пратеник и портпарол на ОО СДСМ Струмица

Comments are closed.

1