КК Струмица загуби на гостувањето кај Кожув

Екипата на КК Струмица загуби на гостувањето кај Кожув со резултат од 84:65 во натпревар од третото коло.

За домаќините оваа е прва победа во новата сезона, додека КК Струмица го доживеа вториот пораз, откако во првото коло победија.

kk111

Струмица по вториот пораз со 4 бода е на шесттото место на табелата, додека кожув е на четвртото со исто толку бодови.

Во следното коло Струмица на домашен терен го пречекува АВ Охрид.

На останатите натпревари беа забележани следните резултати. Работнички беше убедлив над Вардар со 92:65, Пелистер загуби дома од Фени со 60:63, Ав Охрид беше поразен од Куманово на домашен терен со 66:96.

Comments are closed.

Capture