Кандидатите за пратеници од СДСМ во Вељуса

Кандидатите за пратеници од СДСМ на листата во Изборната единица 4 синоќа беа на митинг во селото Вељуса. Пред граѓаните од ова населено место кандидатите за пратеници Катерина Кузмановска, Коста Јаневски и Костадин Костадинов го претставија Планот за живот во Македонија.KANDIDATI ZA PRATENICI SDSM-VELJUSA-1

Кандидатот за пратеник, Коста Јаневски пред присутните ги промовираше програмските определби на СДСМ за земјоделството: зголемување на износот на субвениците на 160 милиони евра годишно, поголеми субвенции за нови обработливи површини и зголемување на грлата добиток,нова распределба на државното земјоделско земјиште, зелена нафта за земјоделците, ослободување од персонален данок и други мерки.VELJUSA KOSTA JANEVSKI-2

Притоа Јаневски истакна:

-Зарем може некој се уште да се двоуми во изборот меѓу Никола Груевски и Зоран Заев. Никола Груевски го даде државното земјоделско земјиште на партиските шерифи. Ги дели субвенциите на своите олигарси. Ги користи субвенциите за да ги уценува и контролира земјоделците. Зоран Заев е од земјоделско семејство и се направиле со свој труд. Заев ја знае и разбира маката на земјоделецот. Со Заев ќе има достоинствен живот на земјоделците, потенцираше Јаневски.

Кандидатот за пратеник од СДСМ, Катерина Кузмановска пред граѓаните ги промовираше определбите од Планот за живот за здравството. Таа меѓу другото рече:VELJUSA KATERINA KUZMANOVSKA-3

-Наместо здравството да ги лекува болните, самото тоа е болно. И не мора јас да ви ги кажувам тие проблеми, оти вие мошне добро ги знаете, оти секој од вас имал можност да се увери дека е навистина така. За луксузите на Груевски има пари во Македонија, а за лекување на граѓаните нема. Деца умираат ни криви ни должни, луѓето се оневозможени да добијат адекватна здравствена заштита, а по смртноста на новороденчињата сме светски рекордери. Жално, навистина жално. Да ти е страв да се породиш… Со што граѓаните го заслужија сево ова?, рече Кузмановска.

Таа истакна дека СДСМ го има има лекот за болното здравство преку низа мерки кои ќе ги преземе новата влада предводена од СДСМVELJUSA-2

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов пред граѓаните ги промовираше мерките од Планот за живот кои се однесуваат на младите.

-Имаме план и како да ги задржиме младите во руралните средини. Младиот земјоделец до 35 години ќе добива зголемена финансиска поддршка за 10% од основниот износ на субвенциите, пет години од периодот на започнување со земјоделска дејност. Младите земјоделци до 35 години ќе ги ослободиме од закуп на државно земјоделско земјиште во период од првите 3 години и ќе обезбедиме зголемено учество на државата во трошоците за земјоделска механизација, истакна Костадинов на синоќешниот митинг во селото Вељуса.

Comments are closed.

Capture