Граѓаните имаат право на здрава животна средина

KATERINA KUZMANOVSKA-1Република Македонија, со своите природни карактеристики и ресурси, нуди можности за квалитетен живот на граѓаните.
Но, за жал, желбата за брз профит, непочитувањето на законодавството, непостоењето соодветен институционален и кадровски капацитет, што со години беше одлика на власта на ВМРО- ДПМНЕ, доведе до енормно загадување на воздухот, почвата и водата и нарушување на природните живеалишта.
Поразувачки е фактот што Република Македонија во 21. век има проблеми на животната средина, карактеристични за земјите од третиот свет. Градови кои се гушат во отпад, загаден воздух, со уништени зелени појаси и зaгадени езера и реки.
Граѓаните имаат право на здрава животна средина, на чист воздух, чиста вода за пиење и наводнување, здрава почва на која ќе одгледуваат здрава храна.
Во Планот за живот во Македонија нудиме мерки за здрава животна средина.
Ќе обезбедиме некорумпирана, непристрасна и едуцирана администрација, која ќе биде во служба на животната средина и на граѓанинот, која ќе делува во насока на одржливиот развој на земјата.
Ќе ги укинеме измислените еколошки процедури кои немаат за цел да ја заштитат животната средина, туку се користат за остварување на политичките и бизнис-желбите на актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Изградба на регионални центри за управување со отпадот, во кои најсоодветно ќе се справуваме со комуналниот, индустрискиот, медицинскиот и отпадот од животинско потекло.
Приоритет ќе ни биде изградбата на пречистителни станици за третман на отпадните води во сите населени места со над 10.000 жители.  Општина Струмица, веќе ја почна изградбата на пречистителната станица. Но, и во помалите урбани средини, чекор по чекор, почнувајќи од оние кои се најприоритетни на листата на загаденост, ќе градиме мали, модуларни станици за третман на загадувањата.
Граѓаните на Македонија имаат право да живеат во здрава и чиста средина. Имаат право на достоинствен живот.
По 11 декември новата влада предводена од Зоран Заев, ќе им го обезбеди тоа. Со заокружувањето на бројот 4 обезбедуваме сигурна иднина за нас и идните генерации. – изјави Катерина Кузмановска, кандидат за пратеник од СДСМ.

Comments are closed.

Capture