Беласица прва во Третата лига – Исток со 6 бода предност

Екипата на Беласица есенскиот дел од сезоната го завршува на првото место со вкупно 39 освоени бодови.

Беасица воедно е и најефикасна со 66 постигнати погодоци, додека нивната одбра заедно со одбраната на Плачковица се најдобри, со по 6 примени погодоци.

13001087_1066294163436808_4711979504885987129_n

Второто место го зазема радовишкиот клуб со 33 бода, додека Саса е трета со 31 бод.

Долниот дел од табелата е Конче Бирлик, единствен тим без бодови, Рудар и Слога се на делба на 13-тото место на табелата со по 10 бода, и тука борбата ќе биде само за до 12-тото место.

Голам борба во пролетниот дел од сезоната ќе гледаме и во средниот дел од табелата. Екипите од 11-тото место па се до шесттото место се на неколку бода разлика, што значи ќе гледаме една голема неизвесност.

Следното коло се игра на 5 март 2017 година.

Comments are closed.

Capture