Катерина Кузмановска, кандидат за пратеник од СДСМ: Ќе го кренеме урнатиот здравствен систем

Кандидатите за пратеници од СДСМ, Катерина Кузмановска, Коста Јаневски и Костадин Костадинов на денешната средба со лекари од јавното и приватното здравство, здравствени работници и фармацевти  го претставија Планот за живот во Македонија и програмските определби на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за здравствениот систем. Пред присутните програмата ја образложија кандитите за пратеници, Катерина Кузмановска и Коста Јаневки, инаку и двајцата лекари специјалисти.

3 (7)Во изјавата по завршувањето на средбата кандидатот за пратеник од СДСМ, Катерина Кузмановска рече:

Досегашните реформи во здравствениот систем ја рангираа Република Македонија на дното на Европа според индексот на здравствени услуги. Ние денес имаме здравствен систем, кој е поставен на стаклени нозе и урнати се темелите на здравствениот систем, а со тоа и довербата меѓу пациентите и докторите, како и меѓуколегијалните односи.

Сегашниот македонски здравствен систем го карактеризира: зголемена смртност кај родилките и новороденчињата, огромни долгови и блокирани сметки на здравствените установи, континуран недостаток од лекови и медицински потрошен материјал, намален и нерамномерен квалитет на здравствените услуги и лекови во здравствените установи, како и недоволна ефективност на здравствени услуги во поглед на огромното незадоволство на пациентите од лошите услови во здравствените установи.2 (11)

Постои демотивираност на лекарите и затоа тие ја напуштаат Македонија и затоа одат во приватниот сектор. Постојат незадоволни пациенти, поради тоа што престојуваат во крајно лоши услови. Имаме партиски вработувања и партизирани менаџери во јавните здравствени установи и неефективни и неквалитетни едукации.

Ние имаме план за подобрување на здравствениот систем во Македонија. Една од мерките е бесплатно болничко лекување за сите осигуреници, значи укинување на партиципацијата за болничко лекување. Инвестирање во здравјето на пациентите преку изградба, реконструкции и опремување на општите и клиничките болници во Република Македонија и достапност на висококвалитетни лекови и вакцини.1 (21)

Ние мораме да го вратиме дигнитетот на лекарите. Мора да го ставиме пациентот и граѓанинот, пред се, во центарот на вниманието на здравствениот систем.

Ќе ја зголемиме основната плата на докторите за 100 отсто со тоа ќе го намалиме одливот на лекари надвор од Македонија.

Ќе го замениме проектот „Мој термин“ со систем кој ќе гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво, со точно утврдени рокови и обврски. Ќе воведеме систем кој што ќе биде на секое ниво со точно утврдени рокови и обврски.

Ќе обезбедиме достапност до матичен гинеколог, значи секоја жена да има свој матичен гинеколог, секој пациент да има свој матичен лекар, вклучително и граѓаните кои живеат во приградските и руралните населби.

Ќе ја зголемиме квотата на позитивни лекови и ќе овозможиме на годишно ниво да се зголемува за уште по пет лекови на позитивна листа согласно потребите кои ги имаат граѓаните.

Ќе овозможиме интегриран информатички систем кој ќе овозможи поврзување на здравствените  установи и на здравствените услуви за поквалитетен  здравствен систем.

Ќе воспоставиме мрежа на здравствени установи на територијата на Република Македонија со цел а подобра улуга на граѓните на сите нивоа.

Целта на СДСМ е да се бори за изградба на достапен, квалитетен и долгорочно финансиски одржлив систем на здравствена заштита, со граѓаните во центарот на здравствениот систем и зајакнато чувство и одговорност на поединецот за сопственото здравје и здравјето на другите граѓани.

Со тоа што ќе овозможиме повисоки плати на лекарите за 100 отсто и подобри услови и амбиент во кои тие ќе работат, ќе ги задржиме лекарите да останат и да работат тука во Македонија, со тоа што во слободното време да се едуцираат и да стекнуваат нови знаења и вештини, а не да учат странски јазик и да ја напуштаат нашата земја.

Ние имаме план за живот во Македонија. Гарантираме достоинствен живот на сите граѓани, вклучително и на оваа таргет група на пациенти и доктори затоа што за нас секој е важен.

Comments are closed.

Capture