Академија Пандев со сигурена победа на гостувањето кај Тетекс

Академија Пандев на гостувањето кај Тетекс славеше убедлива победа со резултат од 0:3.

Akademija Pandev - Teteks - 4 kolo

Академците беа сигурни на гостувањето и ја оправдаа фаворитската улога, со тоа што ја задржаа преноста од 9 бода на табелата во однос на второпласираниот Еуромилк кој има 25 бода.

Во следното коло, Академијата на домашен терен го пречекува токму Еуромилк, и оваа ќе биде решавачки меч. Со евентуална победа на струмичкот клуб, бодовната разлика ќе биде 12, со реми, останува 9, додека со пораз, Еуромилк ќе намали на 6 бода.

Следното коло се игра на 3 декември.

Comments are closed.

Capture