Утре се игра 15. коло од Третата лига – Исток

Утре со почеток од 13 часот се игра 15. коло од Третата фудбалска лига – Исток.

Првиот натпревар се игра во с. Радово, помеѓу Напредок Радово и Овче Поле. Кит-Го во Пехчево ќе го пречека Конче Бирлик, каде домаќините се апсолутни фаворити.

14344800_1765947420328856_1060474556283153509_n

Слога во Виница ќе има тешка задача против Василево, тим кој од коло во коло игра се подобро и подобро.

Саса е сигурна против Рудар на домашен терен, додека Плачковица е фаворит во Радовиш против Брегалница Делчево.

Беласица на „Младост“ ќе го пречека незгодниот Осогово, додека Работник Џумалија ќе има тешка задача против Тиверија.

Comments are closed.

Capture