Напредок Радово осмопласиран на табелата во Третата лига – Исток

Екипата на Напредок од Радово е на осмото место на табелата во Третата лига – Исток, со тоа што претставува втора најдобра екипа од струмичкиот регион, веднаш по Беласица, која е првопласирана на табелата.

12936590_852499904877315_105408266427640911_n

Екипата на Напредок во досегашниот тек забележала шест победе и седум порази и со вкупно 18 бода е на осмото место на табелата и се бори за шесттата позиција на табелата, односно бодовната разлика е само 1 бод.

Фудбалерите на клубот од Радово постигнале 19 голови а примиле 23.

Во следното коло Напредок има тежок натпревар, го пречекува третопласираниот Овче Поле од Свети Николе.

Comments are closed.

Capture