Коста Јаневски кандидат за пратеник од СДСМ: Гарантираме сигурни пензии и достоинствен живот на пензионерите

На Македонија и се потребни итни промени за да се врати достоинството на граѓаните и да се осигура нивната и иднината на државата. Сите се важни и заслужуваат подобар живот. И пензионерите имаат право на редовни и сигурни пензии.  – рече денеска Коста Јаневски кандидат за пратеник од СДСМ на средбата со пензионерите од Струмица.

Правото на пензија е законски загарантирано право. Пензијата не е милостина и подарок од Груевски. Со порастот на трошоците за живот се усогласуваше и пензијата. Со најавеното покачување од 5 посто пензионерите се израдуваа, но дали навистина беше така? Не беше.

Анализите покажаа дека за 2015 година секој пензионер зеде околу 5.470 денари помалку или околу 1.641.600.000 денари за сите пензионери во Македонија за 2015 година, а за 2016 година, секој пензионер зел помалку 6.500 денари или сите заедно 1.950.000.000 денари. Ете како Груевски го реализирал покачувањето на пензиите. Колку дал, толку зел.9 (3)

Со новата Влада на СДСМ повеќе нема да биде така. Планот за живот во Македонија нуди достоинствен живот за пензионерите.

Гарантитаме сигурни пензии. Два пати годишно ќе ги зголемуваме пензиите согласно порастот на платите и трошоците за живот. На крајот на годината Владата ќе носи одлука за вонредно зголемување на пензиите.

За лицата кои се над 65 години, ако не исполнуваат услови за пензија, ќе има  државна социјална пензија, на почетокот, ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија, што значи просечната пензија е 12.000 денари. За примателите на ниски пензии, а кои се без поддршка од семејството и без сопствен имот ќе има субвенции за сместување во старски дом.3 (11)

Ова е дел од планот за добар и достоинствен живот на сите пензионери во Македонија.

Затоа изборите се исклучително важни за иднината на Македонија. Имаме план и можеме да го подобриме животот на сите граѓани, затоа што за нас, секој е важен.- рече денеска Коста Јаневски кандидат за пратеник од СДСМ на средбата со пензионерите од Струмица6 (1) 1 (38)

Comments are closed.

Capture