Василево на десеттото место во Третата лига – Исток

Екипата на Василево по 14 одиграни кола е на десеттото место во Третата лига – Исток со освоени 17 бода.

Василево до сега има вкупно 5 победи, две ремиа и шест порази, при што постигнале 16 а примиле 27 погодоци.

FK Vasilevo 3

Нивната форма се подобрува, а тоа се докажува со нивната игра во последните неколку кола, со што имаат шанса да се изборат за некое од повисоки места на табелата.

Разликата помеѓу нив, и шестто пласираниот Кит-Го од Пехчево е само два бода.

Во следното коло Василево патува во Виница, кај тимот на Слога.

Comments are closed.

Capture