Се реконструира фасадата на училиштето во Дабиле

Во основното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ од селото Дабиле, започна реконструкцијата на фасадата на училиштето со нова термоизолациона фасада во вредност од околу 300.000 денари.14993466_1128221327231296_2312717158234877440_n Термоизолационата фасада, заедно со неодамна поставениот нов кров со термоизолациони панели, финансиран со средства од буџетот на општина Струмица, ќе придонесат за големи заштеди на енергија за затоплување, а со тоа и до заштеда на значителни парични средства. Со тоа училиштето „Св.Кирил и Методиј“ од Дабиле, ќе се вброи во редот на енергетско ефикасни училишта во Република Македонија.15171214_1128221323897963_2375054904318593912_n

Comments are closed.

Capture