Преглед на 14. коло во Третата лига – Исток

Во недела беше одиграно 14. коло од Третата лига – Исток, каде што се одиграа вкупно 7 натпревари.

Првиот натпревар се одигра во Свети Николе, помеѓу Овче Поле и Работник Џумалија, натпревар кој заврши без победник, 1:1. Тиверија загуби од лидерот на табелата Беласица со резултат од 1:2.

12936590_852499904877315_105408266427640911_n

Осогово во Кочани беше поразен од Плачковица со резултат од 0:2. Брегалница во Делчево беше убедливо поразена од Саса со резултат од 0:3.

Рудар на свој терен ја победи Слога од Виница со резултат од 2:1, додека Василево кај Конче Бирлик славеше со 0:3.

Малеш беше сигурен против Напредок Радово со резултат од 3:1.

Беласица е прва на табелата со 36 бода, Плачковица е втора со 30 бода, додекана делба на третото место се Овче Поле и Саса со по 28 бода.

На долниот дел од табелата се, Конче без бодови, Слога како 14-то пласирана со 9 бода, Рудар на 13-тото место со 10 бода.

Comments are closed.

Capture